Неподелените ЦЕМТ-дозволи за фирмите со нови возила

Bez autora
Dec 20 2011

Од предвидените 1.188 ЦЕМТ-дозволи, по објавувањето на конечната листа за распределба за 2012 година, останаа нераспределени 52 поради остаток на вкупни бодови од трговските друштва кои аплицирале. Според информациите од Министерството за транспорт и врски, тие ќе бидат наменети првенствено за фирмите кои имаат новонабавени возила, односно чиј датум на првата регистрација е по 15 октомври годинава. Електронското аплицирање за распределба на нераспределените годишни ЦЕМТ-дозволи ќе биде по 1 јануари следната година. Министерството појаснува дека во случај бројот на новонабавени возила да биде поголем од расположливиот фонд на дозволи, тогаш приоритет при распределбата ќе имаат новонабавените возила со датум поблизок до датумот на електронското аплицирање за нераспределените годишни ЦЕМТ-дозволи.

Неподелените ЦЕМТ-дозволи за фирмите со нови возилаОд предвидените 1.188 ЦЕМТ-дозволи, по објавувањето на конечната листа за распределба за 2012 година, останаа нераспределени 52 поради остаток на вкупни бодови од трговските друштва кои аплицирале.

Според информациите од Министерството за транспорт и врски, тие ќе бидат наменети првенствено за фирмите кои имаат новонабавени возила, односно чиј датум на првата регистрација е по 15 октомври годинава.

Електронското аплицирање за распределба на нераспределените годишни ЦЕМТ-дозволи ќе биде по 1 јануари следната година. Министерството појаснува дека во случај бројот на новонабавени возила да биде поголем од расположливиот фонд на дозволи, тогаш приоритет при распределбата ќе имаат новонабавените возила со датум поблизок до датумот на електронското аплицирање за нераспределените годишни ЦЕМТ-дозволи.

Во случај, пак, бројот на новонабавени возила да биде помал од расположливиот фонд на дозволи, тогаш остатокот на дозволи ќе се распределува на оние фирми кои имаат возила за превоз на сезонска стока во свежа и смрзната состојба, при што предност при распределбата ќе имаат превозниците кои први аплицирале во терминот за електронско аплицирање, се вели во соопштението.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik